Седумгодишната Микајла Комсток од Орегон, која е болна од леукемија, е најмлад пациент во таа држава што во битката против опасната болест користи медицинска марихуана.
Леукемијата и е дијагностицирана лани, а таа е една од 52-те деца на кои државата им одобрила користење на марихуана. Девојчето зема еден грам масло од канабис дневно за да може да ги издржи дополнителните појави на хемотерапијата како што се мачнини и губење на апетитот.
Микајла кажува дека поради овој лек се чувствува чудно, но тврди и дека има повеќе енергија. За себеси кажува дека е храбра, а храброста дошла откако се разболела. Нејзината мајка Ерин Пурчес го одобрува ваквиот вид на лекување, додека нејзиниот татко стравува дека медицинската марихуана ќе влијае врз менталниот развој на неговата ќерка.