(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Од:

Шеесет лица се приведени откако синоќа стотици антиизраелски демонстранти упаднаа на аеродромот во Махачкала во претежно муслиманскиот регион Дагестан во Русија, јави утринава новинската агенција РИА.

РИА објави дека се идентификувани 150 од најактивните демонстранти. Во инцидентот наводно се повредени девет полицајци, од кои двајца се згрижени во болница.

Демонстрантите синоќа упаднаа на пистата и зградата на аеродромот главниот град на Дагестан, по најавата за пристигнување на авион од Тел Авив. Тие бараа патници од Израел.

Руските органи на прогонот доцна синоќа соопштија дека сите „неовластени граѓани“ се отстранети од аеродромот во Махачкала и дека ситуацијата е под контрола. Воздухопловните власти соопштија дека аеродромот во Махачкала ќе остане затворен до 6 ноември.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

„Тико“ излета од пат, тројца тешко повредени завршија на болничко лекување

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Двајца повредени во судар на автомобил и камион на патот Велес-Градско

Пожар во Љубљана, повредени се 11 лица

Возач тешко повреди двајца пешаци, па избега, полицијата го пронајде и го уапси