Во текот на ноќта се очекува повредени од дискотеката во Кочани да бидат упатени во европски болнички центри

Од:

Министерството за здравство вечерва информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти повредени во пожарот во дискотеката во Кочани и информира за хоспитализираните во земјава и во странство.

Седумнаесет пациенти во моментов се лекуваат во ГОБ 8 „Септември“, 13 пациенти се на КАРИЛ, 11 во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница), по десет пациенти на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија, по четворица на Торакална и на Детска хирургија и по двајца пациенти се на лекување на Трауматологија, Пулмологија и во Општата болница Штип.

МЗ соопштува и за состојбата на повредените кои се пренесени за лекување во странство.

-Според информации од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение. Во Литванија – четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба. Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно, се наведува во соопштението.

Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти. Тие, наведува МЗ, се на интензивно лекување во стабилна состојба. Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат. Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни во моментот.

-Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он