ВИДЕО: 25 загинати во експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Пемекс“

Од:

Најмалку 25 лица загинаа и 101 се ранети во вчерашната експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“ („Пемекс“) во главниот град Мексико Сити.

Министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг на прес конференција соопшти дека е потврдена смртта на 17 жени и 8 мажи.

Причината за експлозијата се уште не е утврдена.

meksiko

Експлозијата се случила на еден од пониските катови од административна зграда во непосредна близина на 51-катната кула на „Пемекс“.

Според експерти, можно е во моментот на експлозијата во седиштето на компанијата да имало над 3.500 лица. Многу вработени не биле внатре бидејќи експлозијата се случила во време на одморот за ручек.

Спасувачките работи се прекратени заради необјавени причини.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД