ВИДЕО: 18 луѓе загинаа при експлозија на цистерна со гас во Мексико

Од:

Бројот на загинати лица во експлозија на цистерна со гас во Екатепек, предградие на Мексико Сити се искачи на 18, додека 36 луѓе се повредени, а неколку куќи и автомобили се оштетени, изјави секретарот на државата Мексико за јавна безбедност.

– Бројот на загинати достигна 18, а 36 повредени се во ургентниот центар на Екатепек, напиша Салвадор Неме на Твитер.

Од силната експлозија, што се случи утрово во Екатепек оштетени се 15 автомобили и 20 куќи.
Цистерната сообраќала на автопатот што ги поврзува Мексико Сити и Пачуку во централниот дел на Мексико.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД