Сите што ќе примат вакцина ќе станат хомосексуалци, прогласи верски лидер во Иран

Од:

Верски водач во Иран предизвика голема бура реакции со неговата изјава дека вакцините против коронавирусот ги прават луѓето хомосексуалци, што Министерството за здравство на земјата остро го осуди.

– Кој ќе се вакцинира против корона, ќе стане хомосексуалец, изјави Абас Табризијан, кој во Иран е познат како „татко на исламската медицина“.

Во последно време, Табризијан е познат како проповедач на теории на заговор, јавија светските медиуми.

– Избегнувајте ги оние кои биле вакцинирани против Ковид-19. Тие станаа хомосексуалци, рече Табризијан преку својата група на Телеграм, која ја следат околу 210.000 луѓе, пренесува „Џерусалим пост“.

Иранското Министерство за здравство остро реагираше на оваа изјава.

– Тоа не е само суеверен и глупав став, туку и незаконско мешање во здравствените и политичките работи на земјата, рече портпаролот Кјанус Јаханпур, најавувајќи правните последици.

Ова не е првпат Табризијан да ја критикува западната медицина.

Тој е убеден дека многу болести можат да се излечат со молитва и без лекари и лекови.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он