Венс: Трамп не сака долгорочна расправија со Маск

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран од однесувањето на милијардерот Илон Маск, но не сака долгорочна расправија со него, кој беше голем донатор за време на изборната кампања, изјави потпретседателот на САД Џ.Д. Венс.

Венс им рече на новинарите дека разговарал и со Маск и со Трамп за да се осигури дека Маск го поддржува претседателот, објави Ројтерс.

Тој, исто така, нагласи дека тимот на Трамп е благодарен за она што Маск го направил во процесот на зголемување на ефикасноста на владата.

Маск во среда изјави дека жали за некои од неговите објави на социјалните мрежи за Трамп, велејќи дека отишол „предалеку“.

Трамп го опиша гестот на Маск како „многу убав“.

Маск ја напушти функцијата шеф на Одделот за ефикасност на владата (DOGE) откако ја отслужи таа позиција нешто повеќе од четири месеци.

Маск одлучи да го напушти DOGE еден ден откако изјави дека е „разочаран“ од буџетскиот закон што го усвоија републиканците во Претставничкиот дом на САД во мај, а кој Трамп го поддржа.

Би можело да ве интересира

Војната во Иран е фијаско, Time објави инсајдерски извештај од Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Иран: „Новиот режим знае што треба да прави, електраните се следни“

Катерина Ѓуровски

Анкета на CNN: Трамп се соочува со длабок јавен скептицизам во врска со војната со Иран

Трамп ја разреши главната обвинителка Бонди

Трамп: Иранскиот режим побара прекин на огнот

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО