Венецуелските власти ја обвинуваат администрацијата на Трамп за креирање внатрешен судир во Венецуела

Од:

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека организира и поддржува државен удар во Боливарската Република.

– Администрацијата на Трамп очајнички се обидува да креира внатрешен судир во Венецуела. Демократските институции на Венецуела ќе бидат во состојба да гарантираат мир во земјата, порача Ареаза во одговор на пост на Твитер на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој ја повика војската на Венецуела да застане на страната на опозицијата.

Министерот за комуникации и информации Хорге Родригез, пак, изјави дека властите во Каракас целосно ја контролираат базата Франциско де Миранда, каде што опозицискиот лидер Хуан Гуаидо сними видео и го објави на Твитер, во кое ја повикува војската да излезе на улиците.

– Апсолутно сите воени единици и воената база остануваат лојални на претседателот Николас Мадуро и го поддржуваат Уставот, рече Родригез.

Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече тој.

Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето