Венецуелскиот суд денеска издаде налог за апсење на опозицискиот политичар Леополд Лопез поради кршење на судскиот налог за куќен притвор од 2017 година.
Лопез во вторникот го напушти својот дом во Каракас и заедно со опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се појави на митингот против Николас Мадуро.
Подоцна Лопез беше префрлен во резиденцијата на шпанскиот амбасадор во Каракас.
Лопез се смета за клучна фигура на антивладиното движење и за политички ментор на Гуаидо.