Венецуелскиот опозициски лидер Енрике Каприлес го откажа предвидениот за денеска протест во Каракас, со образложение дека неговите противници се подготвени да упаднат во демонстрациите за да испровоцираат насилство.
Каприлес изјави дека на претседателските избори во неделата тој го победил Николас Мадуро.
Опозиционерот рече дека планирал да организира мирен протест до седиштето на Изборната комисија, за да го врачи барањето за повторно пребројување на гласовите.
Претходно Мадуро рече дека нема да го дозволи митингот, истакнувајќи дека „дошло времето на железната рака“ и ја обвини опозицијата дека сака да изврши државен преврат.
Во судири по објавување на резултатите од изборите во Венецуела загинаа седум лица, а над 60 беа повредени.