Венецуелски лекар ќе плати казна од 90 илјади долари бидејќи се обидел да се пошегува оти во багажот носи експлозив.
Заради несоодветната шега искажана пред да се качи на авион на аеродромот во Мајами, аеродромот бил делумно евакуиран. Мануел Алварадо (60) е казнет со 89.172 долари поради причинување штети на неколку авио компании и на полицијата во Мајами по евакуирањето на два терминали од аеродромот.
Откако обвинителот се откажал да му достави обвинение за лажна закана за бомбашки напад и криминално однесување, венецуелскиот лекар се согласил да ја плати казната од речиси 90 илјади долари.