Венецуелски цариници на лист хартија прават списоци на патници заради недостиг од струја

Од:

Големиот недостиг од струја што ја парализира Венецуела од четвртокот, ги принудил цариниците на аеродромот во Каракас рачно да ги запишуваат лицата кои пристигнуваат и заминуваат, а контролата е многу тешка.

epa

-Имињата и броевите на пасошите се запишуваат со хемиско пенкало на хартија бидејќи автоматските системи не работат, наведува патник кој пристигнал синоќа на аеродромот Мајкетија во Каракас.

epa

Снабдувањето со електрична енергија во Каракас полека се стабилизира.

– Постепено се поправа дистрибутивната мрежа во 22-та реона во градот, изјави Ерика Фариас, градоначаник на западните делови од Каракас.

epa

Владата соопшти дека во болници во дсржавата нема 15 ниту 17 пациенти кои починале заради немање струја, туку биле преместени во други оддели.

Над 50 луѓе се приведнеи во Каракас за грабеж на супермаркет, објави весникот Насионал. Венецуелската армија презела обезбедување на стратешките енергетски објекти во државата, а дистрибутивната мрежа се надгледува од воздух.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски