Венецуелската војска задуши бунт на група гардисти

Од:

Венецуелската војска денеска соопшти дека уапсила неколку гардисти, кои украле оружје и киднапирале двајца офицери.

Соопштинието ги потврдува извештаите за бунт во редовите на националната гарда, што доведе до судири во еден сиромашен кварт на неколку километри од претседателската палата во Каракас.

Војската наведува дека бунтот го поттикнале екстремни десничарски групи, кои ги мотивирале гардистите да ја „погазат заклетвата“.

Во соопштението се наведува дека целото оружје е пронајдено.

Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопес на Твитер испрати порака со ветување дека сите гардисти учесници во бунтот ќе бидат казнети во согласност со законот.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски