Венецуелската Влада соопшти дека открила заговор за дестабилизација за време на утрешните претседателски избори, на кои според прогнозите се очекува победа на наследникот на починатиот лидер Уго Чавес, досегашниот заменик-претседател и актуелен в.д. шеф на државата Николас Мадуро.
Венецуелскиот заменик-претседател Хорхе Ареаса изјави дека силите за безбедност уапсиле двајца Колумбијци, кои се претставиле како венецуелски војници и кои планирале да предизвикаат немири на утрешното гласање.
Државната телевизија емитуваше снимки, на кои се прикажани 50 автоматски пушки и експлозиви, кои биле конфискувани од група салвадорски платеници, обвинените претходно од венецуелската Влада дека подготвувале атентат врз Мадуро.
Мадуро уште минатиот месец ги обвини САД дека организираат заговор за убиство на опозицискиот кандидат за претседател Енрике Каприлес. САД ги демантираа тие тврдења.