Венецуелската опозиција повика на протести во целата земја против Владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро.
Пратениците ги повикаа Венецуелците попладне да излезат од домовите и работните места на улиците и да ги блокираат сообраќајот во целата земја.
Опозицијата, која има мнозинство во Парламентот протестира по свикувањето на Уставотворното собрание, кое е лојално на власта.
Протестот против Владата во петокот беше еден од најмалубројните изминатите четири месеци.
Опозицискиот пратеник Хуан Рекенсес сепак изјави дека наскоро противниците на администрацијата ќе се активираат.
– Мадуро знае дека со таа земја не може да се владее. Единствено што сака денеска е да се прибереме од улиците, додаде тој.
Венецуелскиот Парламент, кој е под контрола на опозицијата одби да ги признае декретите, издадени од новото Уставотворно собрание.
Парламентот одлучи вечерва едногласно да ги отфрли одлуките на Уставотворното собрание за замена на главниот обвинител со личност, лојална на Владата, како и за создавање „комисија за вистината“, која ќе има невообичаено големи надлежности.
Европската унија вчера соопшти дека обидот на Мадуро да го измени Уставот и да го собори главниот обвинител ја намалил веројатноста за мирно враќање на демократскиот поредок во земјата.