Венецуела воведе воена управа во борбата со шверцерите

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба и воена управа, во пограничниот реон со Колумбија, во обид да се запре напливот на шверцери.

Одлуката е донесена по нападот на една шверцерска банда врз пограничните сили, при што беа повредени тројца војници и еден цивил.

Воената управа е воведена во пет општини во венецуелската сојузна држава Тачира и ќе трае шеесет денови.

Со претседателската наредба затворена е и границата со соседна Колумбија.

Шверцерите илегално навлегуваат на територијата на Венецуела, пренесуавјќи главно бензин и храна, што потоа им се продава на локалното население.

Венецуела е богата со нафта и земја членка на ОПЕК, но подолго време се соочува со недостиг на бензин и со низа основни прехранбени и други производи кои му се потребни на населението, што се објаснува со длабоката економска криза во земјата.

Опозицијата и независните набљудувачи за тоа ја обвнуваат владата на Мадуро и нејзнината социјалистичка, популистичка политика, додека власта за кризата во снабдувањето ги обвинува опозицијата, шверцерите и „меѓународниот заговор„ против владата во Каракас.

Претседателот Мадуро, решението за воведување воена управа, го објасни со навлегувањето на „колумбисните паравоени групи“ за кои тврди дека создавале хаос во Венецуела и ја „дестабилизирале револуцијата“ во оваа јужноамериканска земја.

Владата на Венецуела испрати доплнителни 1500 војници во реонот на Тачира, за да се справат со шверцерите.

Властите во соседна Колумбија не реагираат засега на затворањето на границата и на влегувањето на колумбиски државјани во Венецуела, но претседателот Хуан Мануел Сантос, во Богота изјави дека неговата земја нема ништо против Венецуелци да влегуваат во Колумбија.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски