Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека неговата земја ќе почне процедура за преструктурирање на својот долг, во моменти кога државата се соочува со длабока економска криза и финансиските санкции воведени од САД.
Надворешниот долг на таа латиноамериканска земја се проценува на околу 150 милијарди американски долари.
Во обраќање, емитувано на државната телевизија и радио, Мадуро вчера изјави дека националната нафтена компанија денеска ќе исплати 1,1 милион долари на сопствениците на обврзници, согласно предвиденото. По таа исплата, државата ќе се обиде да го рефинансира и преструктуира својот надворешен долг.
За лошата економска состојба, Мадуро ги обвинува ниските цени на нафтата и санкциите воведени од САД.