Венецуела: Власта тврди дека над осум милиони лица гласале на изборите за Уставотворно собрание, опозицијата меѓу два и три милиона

Од:

Излезноста на вчерашните избори за свикување Уставотворно собрание на Венецуела изнесувала 41,53 проценти, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на претседателот на Националниот изборен совет на Венецуела, Тибисај Лусена.

Тоа значи дека гласале 8.089.320 лица од вкупно 19,4 милиони регистрирани гласачи.

Лусена изјави дека епилогот од гласањето покажува дека победил мирот, а кога победува мирот, победува и Венецуела. Тој дополни дека независно од насилството на денот на изборите Венецуелците можеле да го изразат своето мислење.

Опозицијата, меѓутоа, ги оспорува податоците изнесени од властите за излезноста на изборите. Според неа, вчера гласале под 15 проценти од лицата со право на глас. Тоа значи дека гласот го дале меѓу два и три милиона лица. Независна истрага, пак, посочи дека гласале 3,6 милиони лица, пренесоа американските медиуми.

Согласно досегашниот Устав за да се свика Уставотворно собрание неопходно е на вчерашните избори да гласаа 15 проценти од избирачите, потсетува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски