Венецуела распореди 17 илјади војници на границата со Колумбија за борба против шверцот, соопшти армиски командант.
Генералот Владимир Падрино Лопес, началник на Оперативната стратешка команда на Националните боливиски вооружени сили информира дека се забранува преминувањето на границата на приватни лица од 22 до 5 часот и на товарни возила од 18 часот во период еден месец,
Како што јави ИТАР-ТАСС, Венецуела, земја со најголеми резерви на нафта во светот, има многу ниска цена на горивата. За споредба 50 литарски резервоар во Венецуела чини само 75 американски центи, додека во Колумбија цената на литар гориво изнесува 1 долар.
Според венецуелските власти, во соседна Колумбија дневно се шверцуваат околу 100.000 барели бензин.