Венецуела потврди дека Чавез се бори за животот

Од:

Потпретседателот Мадуро, кого Чавез го именуваше за свој наследник, изјави дека неговиот шеф „се бори“ за своето здравје, живот и дека тие се со него.

Венецуелскиот претседател Уго Чавес не се обрати, ниту пак е виден во јавност од последната четврта операција на тумор која е извршена на 11-декември во Куба.

Тој се врати на 18-ти февруари и се наоѓа во воената болница во Каракас.

Чавез и понатаму тешко диши, со помош на цевка која му внесува воздух во белите дробови.

Претседателот (58) со тешката болест се бори од 2011 година и од тогаш е изложен на операции, хемотерапии и зрачење.

Владата на 15-ти февруари објави четири фотографии од болничкиот кревет на Чавез и тоа беа единствените слики прикажани од почетокот на декември минатата година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот