Венецуела последната шанса за Сноуден, изјави влијателен руски политичар

Од:

Влијателен член на рускиот Парламент, кој често ја изразува позицијата на Кремљ, вчера го повика поранешниот соработник на ЦИА Едуард Сноуден да го прифати предлогот на Венецуела за азил.

Во порака на Твитер, претседателот на комисијата за надворешна политика во рускиот Парламент Алексеј Пушков напиша:

„Венецуела чека одговор од Сноуден. Тоа може да биде негова последна шанса да добие политички азил“.

Во саботата венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хава изјави дека Сноуден немал контакти со Венецуела, откако претседателот Николас Мадуро му предложи политички азил.

– Чекаме до понеделник да разбереме дали ќе ја потврди желбата да го преземе азилот во Венецуела, рече вчера министерот.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска