Венецуела: Над 900.000 лица се мобилизирани за воени вежби

Од:

Повеќе од 900.000 лица се мобилизирани во Венецуела за воените вежби кои ги наложи венецуелскиот претседател Николас Мадуро како одговор на претседателот на САД Доналд Трамп, кој пред две недели навести за можноста за воени интервенции со цел решавање на кризата во Венеуцела.

– Никогаш претходно венецуелската војска не била вака обединета како сега. Овие вежби ќе ни овозможат да преминеме во нова фаза за борбена подготвеност и спремност за решавачка борба, изјави началникот на стратешката оперативна команда Ремихио Себалјос.

Венецуелската војска, имено, е главната поддршка на Владата на Венецуела.

Мадуро, кој го критикуваше коментарот на Трамп за „воена опција“ за Венцуела, претходно месецов им нареди на венецуелските сили на 26 и 27 август да спроведат национална вежба како реакција на евентуалната американска воена акција.

Меѓутоа, синоќа Белата куќа ја исклучи можноста за воени акции во Венецуела „во блиска иднина, но воведе нови остри економски санкции против Каракас.

Белата куќа истакна дека санкциите се наложени со цел да се изврши притисок врз Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја прекине неговата „тиранија“.

Новите санкции на САД против Венецуела претставуваат „најголема агресија“ против венецуелскиот народ, изјави синоќа венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза, обвинувајќи го Вашингтон за обид за разгорување на хуманитарната криза во земјата што е богата со нафта.

– Ние тоа не го разбираме, наведе Ареаза по разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, порачувајќи дека Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро „ќе се брани“.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски