Над 160.00 лица синоќа протестираа на улиците на Каракас против венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Демонстрантите веќе 50 денови одржуваат протести во Венецуела, со барање за оставка на претседателот Мадуро.
– Со сигурност има 160.000 лица, можеби и повеќе, изјави Единсон Ферер, еден од раководителите опозициската Коалиција за демократско единство.
Венецуелската полиција употребила солзавец со цел да ги растера демонстрантите.