Во тепачка во венецуелскиот парламент повредени се 17 провладини и опозициски пратеници, во текот на синоќешната дискусија за се уште спорните резултати од неодамнешните претседателски избори во државата.
Пратеникот Хулио Борхес облиен со крв, вчера се појави пред камерите на независна телевизија по тепачка во парлементот и потврди дека најмалку 17 парламентарци од редовите на опозицијата и пет провладини се повредени.
Опозициските пратеници соопштија дека биле нападнати и повредени во протестот поради одлуката да им се оневозможи на говорницата во Народниот парламент да го искажат своето противење за победата на претседателот Николас Мадуро.
Од друга страна провладината пратеничка Одалис Монсон ги обвини опозициските пратеници дека ги нападнале.
Елена Георгиевска