Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека неговата држава ќе создаде сопствена криптовалута, во рамки на напорите за справување со финансиската блокада воведена кон земјата.
Валутата ќе се вика петро и ќе биде поддржана од природните ресурси со кои е богата Венецуела, која што е членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Венецуела во моментов се соочува со сериозна економска криза, која што е последица на лошите економски политики на владата и падот на цената на нафтата на светските берзи.
ЕУ и САД воведоа санцкии кон Венецуела како резултат на насилните мерки на властите за задушување на протестите на опозицијата оваа година, при што беа убиени над сто лица.