Венецуела ја отвори границата со Колумбија со цел нејзините граѓани се снабдат со храна

Од:

 Властите во Венецуела одново ја отворија границата со Колумбија, дозволувајќи им на своите граѓани да отидат во соседната држава, за да се снабдат со основните прехранбени производи и со лекови.

Ова е втор пат овој месец, властите во Каракас да им дозволат на Венецуелците да пазарат во соседната Колумбија.

Минатата недела повеќе од 35 илјади лица минале преку границата, за да купат храна, основни потреби за домаќинствата и лекови и медицински препарати.

Според венецуелските медиуми, овој пат во соседна Колумбија минале повеќе државјани на Венецуела, кои со часови чекале на граничниот премин, по дождливо време, за да влезат во соседната држава, а потоа да се вратат назад.

Во август минатата година, Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, оправдувајќи го тоа со „спречување на меѓуграничниот криминал“.

Сега се открива дека и минатата година, преку постојано отворената граница со Колумбија, најголемиот број од луѓето минувале во соседната држава за да се снабдат со се она што во Венецуела го неа подолго време.

Венецуела, земја богата со нафта и членка на ОПЕК, се соочува со тешка економска криза, проследена со рецесија и со голем недостиг на храна, на основни производи потребни за секојдневниот живот на лугето и со лекови. 

Најголемиот број супермаркети во земјата, а дури и во главниот град Каракас, се празни, а луѓето чекаат со денови за да дојдат до основните продукти.

Опозицијата ја обвинува Владата и посебно претседателот Мадуро, за неснаоѓање и за незнаење да се надмине кризата, за која се тврди дека е последица од водењето идеолошка и социјалистичка економска политика.

Мадуро, пак, тврди дека кризата е последица на „буржоаски заговор„ поттикнат од странство, обвинувајќи ја домашната бизнис заедница за „саботажа“ и за обид за соборување на Владата низ „создавање и одржување на кризата“.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски