Само во 4 милионскиот Каракас изградени се над 82,000 станови кои се веќе вселени.
„Владата гради куќи кои нашата средна класа може да ги купи“, велат од државната администрација.
Становите се продаваат по субвенционирани цени и со поволни кредити. Вака големиот број на социјални станови се дел од огромниот фискален стимуланс кој го оживеа националното стопанство на Венецуела, после почетокот на светската рецесија во 2009 година која многу ја погоди државата.
Редовите на згради од црвена цигла, кои се дел од визијата за „нови социјалистички градови“ на венецуелскиот претседател Уго Чавез, треба да го задоволат недостатокот на станови во земјата. Претседателот Чавез се потпира пред се на нафтените фондови заради повисоката цена на нафтата во светот.
Венецуела е земја со најголеми докажани резерви на нафта во светот и тој енергент чини 95% од извозните приходи, околу 40% од федералниот буџет и приближно 12% БДП.
Во градењето на становите, владата се повеќе се врти кон градежни фирми од Кина, Белорусија и Иран.