Венецуела ги ограничи субвенциите за гориво на 120 литри месечно

Од:

Венецуела воведе нов систем на продажба на гориво, со што во иднина граѓаните ќе може да се купат само 120 литри бензин месечно по субвенционирани цени, пренесе ДПА.

На овој начин граѓаните ќе можат да купуваат 120 литри бензин месечно по цена што одговара на два американски цента. Потоа, цената ќе се зголеми на 50 центи за литар и ќе биде приближна на оние во другите земји.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, минатата сабота соопшти дека бензинот ќе се продава на 200 бензински пумпи низ земјата.

Резервите на нафта во Венецуела се меѓу најголемите во светот, но производството нагло опадна поради лошото одржување и управување, пренесува Хина.

Новиот систем не работи многу добро – многу бензински пумпи се затворени, некои имаат технички проблеми, некои не сакаат да продаваат повеќе од 20 до 30 литри бензин по субвенционирана цена, а во некои и снема гориво, пишува дневниот весник „Ел Национал“.

Во моментов Венецуела увезува нафта од Иран, која ги предупреди САД да не ги напаѓаат нивните танкери што минуваат низ Карипското Море.

Иран неодамна испрати пет танкери со гориво во Венецуела, а Мадуро најави дека наскоро ќе го посети Техеран за да потпише договори во енергетиката и другите сектори.

-Должен сум да отидам таму и лично да им се заблагодарам, рече претседателот на Венецуела во говорот на државната телевизија, без да го прецизира датумот на посетата.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски