Венецуела добила „официјална молба“ за азил од поранешниот соработник во ЦИА, Едвард Сноуден. Тоа го изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро по средба со претседателот на Панама Рикардо Мартинели.
– Добивме писмо со молба за азил, изјави Мадуро наведувајќи дека сега Сноуден „треба да одлучи кога ќе пристигне“ во Венецуела.