Венецуелските власти соопштија дека депортирале француски агент од разузнавањето приведен за наводно учество во заговор за убиство на претседателот Уго Чавес.
Информацијата ја даде министер во Владата на Чавес преку порака на Твитер. Според министерката, Фредерик Лоран Буке бил уапсен во јуни 2009 година и признал дека пристигнал во Венецуела за да го убие Чавес. Бил приведен со оружје. Нема информации дали и официјално е обвинет. Таа не наведе каде е испратен туку само дека е депортиран според закони на државата.