Венецуела бара шпанскиот крал да се извини за геноцидот врз домородните народи во Америка

Од:

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека шпанскиот крал Фелипе Шести треба да се извини за геноцидот врз домородните народи во Америка.

– Ние се придружуваме на гласовите, што се зголемуваат во Америка, да побараме од кралот на Шпанија да и се извини на Латинска Америка и на Карибите за 300-годишниот геноци врз домородното население, истакна Мадуро.

Тој ја критикуваше прославата Денот на Шпанците што се одржа на вчера во Шпанија. Денот на Шпанците е национален празник што го означува датумот кога Кристофер Колумбо првпат пристигнал во Америка во 1492 година.

Според Мадуро, прославата е „огромна навреда за споменот на убиените мажи и жени“.

– Пред повеќе од 500 години, шпанската империја уби, протера и пороби милиони локални жители. Тие дојдоа тука да ги нападнат, колонизираат и убијат нашите баби и дедовци. Шпанија мора да се покае и да се извини на цела Америка, напиша Мадуро на Твитер.

Тој најави дека ќе испрати писмо до кралот на Шпанија за да „размисли“ за настаните што го одбележаа колонијализмот и геноцидот во Латинска Америка.

Претседателот на Венецуела додаде дека „Шпанија исто така има добра, славна, херојска историја на борба против колонијализмот, против вазалството“ и затоа мора да има разбирање.

Граѓаните во многу држави од Латинска Америка, вклучително Мексико, Гватемала, Хондурас и Еквадор, вчера протестираа барајќи заштита на правата на домородните народи кои настрадаа од европските доселеници.

Мадуро ја поздрави организацијата за одбележувањето на Денот на домородниот отпор во Венецуела.

– На улиците на Каракас беше дадена јасна порака: Овие земји никогаш повеќе нема да бидат нечија колонија, потенцира Мадуро.

Во 2019 година, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор испрати писмо до шпанскиот крал Фелипе Шести и до папата Франциско барајќи од нив да се извинат за кршење на човековите права извршени за време на освојувањето на регионот пред 500 години. Шпанската Влада категорично го отфрли барањето на Обрадор.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски