Велика Британија воведе санкции за ќерките на Путин

Од:

Велика Британија воведе санкции за двете возрасни ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-Би-Си.

Имињата на неговите ќерки – Катерина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова – сега се додадени на британската листа на санкции против компании и поединци од Русија.

Тоа е дел од „координираните“ напори со САД, кои веќе воведоа санкции за двете жени.

Владата на Велика Британија, исто така, воведе санкции за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Екатерина Сергеевна Винокурова.

Во соопштението за печатот на Форин Офисот, владата на Велика Британија информира дека дополнително го таргетира „раскошниот начин на живот на внатрешниот круг на Кремљ“, со наметнати забрани за патување и замрзнување на имотот на трите жени.

Според британската Влада, повеќе од 275 милијарди фунти на Путин сега се замрзнати поради координираните санкции на Британија и меѓународната заедница во последните недели.

Се додава дека Русија се движи кон најдлабоката рецесија од распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи санкциите ја погодија способноста на претседателот Путин да води војна во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции кон Иран

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож