Велика Британија веднаш воведува санкции против Путин и Лавров

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон веднаш ќе воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како одговор на нападот врз Украина, беше соопштено вечерва од Даунинг стрит.

Одлуката е донесена откако британската влада вчера воведе сет санкции за руските банки, авиокомпании и олигарси блиски до Кремљ, како одговор на инвазијата во Украина.

Џонсон ги повика лидерите на НАТО да преземат итна акција преку меѓународниот платен систем SWIFT со цел „да му нанесат максимална болка на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот режим“, пренесува Индепендент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски