Велика Британија се закани со вето во ЕУ околу ембаргото за Сирија

Од:

Велика Британија се закани дека може да се спротивстави, па ако треба и да стави вето, доколку ЕУ се одлучи да го продолжи ембаргото за оружје за бунтовничките сили во Сирија.

Следната дискусија околу ембаргото на оружје за силите кои се борат за соборување на сирискиот претседател Башир ал Асад, е предвидена за мај годинава. Владата во Лондон најави дека може да се случи Велика Британија да дејствува самостојно и самата да донесе одлука за своите идни чекори во врска со ситуацијата во Сирија.

Мнозинството од земјите-членки на ЕУ и натаму се противат на вооружувањето на бунтовниците, стравувајќи дека оружјето може да се најде во „несакани раце“. Официјално и САД се противат на вооружување на сириските бунтовници, што го потврди и државниот секретар Џон Кери за време на својата неодамнешна турнеја низ Европа и Блискиот Исток.

Кери во неколку наврати нагласи дека САД ќе ја засилат помошта за бунтовниците, но дека зголемувањето на помошта и поддршката не значи и давање оружје.

Официјален Лондон е најсилен подржувач на т.н. арапска пролет и на „урувањето на недемократските режими“. Британски експерти стравуваат дека вооружувањето на бунтовниците, кој сега регрутираат и деца, може да ја претвори Сирија во нов Либан, од седумдесетите и осумдесетите години на 20 век, со продолжена граѓанска војна.

Британската Влада оценува дека продолжување на ембаргото со оружје за бунтовничките сили и продолжување на војната, ја зголемува опасноста од развивање на џихадизмот во регионот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски