Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг денеска повика и други земји да го следат примерот на Велика Британија и да ја признаат предводената од Муаз ал Хатиб сириска опозициска организација.
– Ние ги признавме целосно, се надеваме, дека и други земји ќе го направат истото на средбата на Пријателите на Сирија во Маракеш, изјави Хејг пред средбата на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и Ал Хатиб во Брисел.
Хејг не ја исклучи можноста за делумно укинување на ембаргото за оружје на Сирија за помош на бунтовниците, кога тоа ќе треба да биде обновено за три месеци, но нагласи дека таквиот чекор ќе треба внимателно да биде разгледан.