Велика Британија потрошила 6,4 милиони фунти за обезбедувањето на Џулијан Асанж

Од:

Британската полиција потрошила 6,4 милиони фунти за полициското обезбедување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој од 19 јуни 2012 година се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон, соопшти Скотланд јард.

Во вкупната сума влегуваат платите на полицајците, паричниот надомест за дополнителни часови, како и употреба на возила, канцеларија и разна опрема.

Скотланд јард не сакаше да наведе колку полицајци го обезбедуваат 42-годишниот Австралијанец.

Веќе две години британската полиција 24 часа дневно го обезбедува просторот пред Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа неодамна изјави дека Асанж може да претстојува во Амбасадата колку што сака. Доколку Асанж излезе од Амбасадата веднаш би бил уапсен и испратен во Шведска каде е обвиент за сексуално злоставување.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година