Велика Британија очекува летово стотици илјади мигранти да го минат Средоземно Море

Од:

Военопоморски бродови на Италија, Велика Британија, Ирска и од неколку други земји вчера се упатија кон либиските територијални води, подготвувајќи се за последниот бран мигранти, кои треба да бидат спасени од чамците на шверцерите.

Британските власти предупредија дека токму ова лето околу половина милион луѓе може ќе се обидат да го извршат опасниот премин преку Средоземно Море, пренесоа американските медиуми.

Капетан Ник Кук-Прист, командант на британскиот воен брод „Белвек“, изјави дека, според достапните податоци, меѓу 450.00и и 500. 000 мигранти чекаат во Либија за патување преку Средоземно Море, со надеж дека ќе стигнат до италијанскиот брег.

На бродот „Белвек“ се наоѓаше и британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон, кој потврди дека Владата предвидува дека летово стотици илјади мигранти ќе се обидат да го извршат овој опасен премин.

Синоќа, во девет оделни операции на море, беа спасени најмалку 1.900 мигранти. Тие се дел од над 3.000-те бегалци, кои беа забележени вчера и за кои се оцени дека имаат потреба од спасувачка операција, потсетија француските медиуми.

Фалон додаде дека Европа треба да ги обедини своите разузнавачки податоци и да се пресмета со шверцерските банди во Либија, кои ги организираат овие опасни премини преку Море.

-Можеме да се обидеме да го запреме нивното финансирање. Некои заработуваат од несреќата на другите и можеме да направиме повеќе, за да ги следиме парите, подвлече британскиот министер за одбрана.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски

Тимот на Бајден планира да спречи депортација на милион имигранти од Хондурас и Гватемала

Жарко Настоски