Велика Британија очекува Кина да се придржува кон меѓународното право

Од:

Велика Британија очекува дека Кина ќе се придржува кон меѓународното право, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон на прашањето што ќе преземе Лондон ако Пекинг ги спречи луѓето во Хонгконг кои имаат британски прекуморски статус (БНО) да го напуштат истиот.

Британија понуди пат до државјанство за околу три милиони луѓе во Хонгконг, откако соопшти дека Кина ги прекршила условите на договорот за примопредавање од 1984 година со наметнување на новиот закон за безбедност.

– Веќе одредивме што ќе обезбедиме за БНО… Очекуваме Кина да ја разбере важноста на придржувањето кон меѓународното право, нагласи портпаролот на Џонсон.

Тој повтори зошто Британија ги преземала соодветните чекори.

– Усвојувањето и наметнувањето на законот за национална безбедност претставува јасно и сериозно кршење на заедничката декларација, односно се крши високиот степен на автономија на Хонгконг, додаде портпаролот на британскиот премиер.

Претходно, кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Џиаоминг ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност. Лиу, меѓу другото, наведе дека понудата на Велика Британија да им даде државјанство на жителите на Хонгконг е „чекор што претставува сериозно мешање во внатрешните прашања на Кина“.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година