Велика Британија ја обвини Шпанија дека сака да и го украде Гибралтар

Од:

Велика Британија ја обвини Шпанија дека Брегзит го користи за да „дојде до земја“”, мислејќи на Гибралтар, и дека сето тоа го прави под закрилата на официјалните насоки за преговорите што ги издаде Европската Унија.

Британски претставник за весникот „Телеграф“ изјави дека тоа е „апсолутно неприфатливо“ и дека на Шпанија и дава поголема моќ над иднината на Гибралтар.

-Човек навистина мора да се запраша зошто ЕУ мислела дека е разумно да стави такво нешто во билатералниот проблем меѓу Шпанија и Велика Британија, рече британскиот претставник.

Шефот на Форин офис, Борис Џонсон, на Твитер напиша дека е задоволен од разговорот со главниот министер за Гибралтар, Фабијан Пикардо, додавајќи дека Велика Британија останува незаменлива и цврста поддрпка за Гибралтар.

Пикардо предупреди дека Шпанија не може да го користи Гибралтар како монета за поткусуривање во преговорите за Брегзит.

Проблемот настана околу изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој кажа дека по Брегзит ниту еден договор меѓу ЕУ и Велика Британија што се однесува на Гибралтар, нема да може да се спроведе без согласноста на Шпанија.

-Откако Обединетото Кралство ќе ја напушти Унијата, не може да се воспостави никаков договор за Гибралтар меѓу ЕУ и Велика Британија без договор меѓу Шпанија и Велика Британија, се наведува во насоките што ги претстави Туск, пренесуваат француските медиуми.

Лондон и Мадрид веќе 300 години спорат околу Гибралтар.

Оваа мала прекоморска територија на Обединетото Кралство, позната и како „Карпа“, се наоѓа на југот од Шпанија, а долго време била предмет на спор за суверенитет меѓу Лондон и Мадрид. Шпанците ја бараат власта врз територијата која и ја отстапиле на Велика Британија во 1713 година.

Шпанија предложи Гибралтар да остане во ЕУ во замена за заеднички суверенитет со Велика Британија над оваа територија.

Меѓутоа, како што се наведува, граѓаните на оваа територија на два референдума за суверенитетот, во 1967 и 2002 година со мнозинство гласови одлучија да останат со Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски