Одобрен законот за излегување од ЕУ: Завршува Брегзит

Од:

Претставничкиот дом на Велика Британија го одобри договорот на премиерот Борис Џонсон за излегување на Велика Британија од Европската унија со 330 гласа „за“ и 231 „против“.

Овој Закон ќе стави точка на повеќе од тригодишните натегнувања околу „разводот“ меѓу ЕУ и Велика Британија.

Ова ќе му овозможи на британскиот премиер Борис Џонсон да ја сврти страницата на една од најдлабоките политички кризи кои ја погодија земјата во последните десет години.

„Време е Брегзит да се заврши. Овој предлог-закон тоа и ќе го направи“, истакна министерот за Брегзит, Стивен Баркли пред пратениците.

Законот треба да биде усвоен и од Домот на лордовите и Европскиот парламент, што се смета како формалност, пред Велика Британија да го заврши своето речиси 50-годишно членство во проектот за евроинтеграција.

Би можело да ве интересира

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина