Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Од:

Велика Британија денеска се огради од предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за првичен едномесечен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, објави „Тајмс“.

Според изјавата на британскиот министер за вооружени сили Лук Полард, Франција и Обединетото Кралство не се договориле за делумен план за прекин на огнот за Украина.

Макрон, по самитот во Лондон, кој се одржа вчера, доцна синоќа изјави дека тој и британскиот премиер Кир Стармер разговарале за ограничен едномесечен прекин на огнот во Украина, „во воздух, во море и во областа на енергетската инфраструктура“.

Сепак, како што стојат работите денеска, договор не е постигнат.

„Не е постигнат договор за каква било форма на прекин на огнот“, изјави Полард денеска за Радио Тајмс.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина