Важна порака од Киев: Подготвени сме да разговараме за Крим доколку успее офанзивата

Од:

Официјален Киев вчера испрати важна порака поврзана со можните преговори со Русија. Како што објави „Фајненшл тајмс“, ова е „најексплицитната порака досега дека Украина е заинтересирана за преговори“ со Русија откако таа беше прекината во април минатата година.

Имено, Андриј Сибиха, искусен украински дипломат и заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена да влезе во дипломатски разговори со Русија за иднината на окупираниот полуостров Крим – под еден важен услов.

„Доколку успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога сме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека исклучуваме воено ослободување на Крим“ изјави Сибиха во интервју за Фајненшл Тајмс.

ФТ истакнува дека изјавите на Сибиха би можеле да ја намалат загриженоста на западните лидери кои се скептични за способноста и капацитетот на украинската армија воено да го ослободи Крим, но и загрижени поради можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја ескалира војната поради таква обид, можеби дури и со тактичко нуклеарно оружје.

Досега, потсетува ФТ, украинскиот претседател аксиоматски ја отфрли можноста за какви било преговори со Москва додека сите руски сили не ја напуштат Украина, вклучувајќи го и Крим.

Според ФТ, Сибиха е искусен дипломат фокусиран на политиката и бил покрај Зеленски во клучните моменти од војната. Сибиха наведува дека Зеленски разговара за Крим со своите соработници во време кога украинската армија е се поблиску до започнување на контраофанзива со цел ослободување на окупираните територии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски