ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Од:

Русија изврши напад со балистички проектили врз крајбрежниот град Одеса, при што загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и една 16-годишна девојка, објави гувернерот Олех Кипер рано утрово.

Десет лица се повредени, од кои девет се хоспитализирани. Четворица се во тешка состојба.

Во нападот била погодена двокатна зграда. Под урнатините загинаа три лица – 16-годишно девојче, 43-годишна жена и 22-годишен маж. Уште една жена почина во болница од сериозни повреди, рече Кипер.

Русија неодамна ги засили нападите врз јужниот регион Одеса, гаѓајќи ја пристанишната инфраструктура и оштетувајќи неколку цивилни бродови. Еден таков напад врз округот Одеса се случи на 9 октомври, при што беше погоден цивилен брод под панамско знаме и уби осум лица.

Пристаништата во и во близина на Одеса се клучен центар за украинскиот земјоделски извоз преку Црното Море.

Украина отвори нов поморски коридор во август минатата година, откако Русија се повлече од договорот за Црното Море со посредство на Турција и ОН.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Украина и Русија тајно започнуваат нови преговори објави Financial Times

Кремљ му се закани на германски гигант за производство на оружје

Русите го нападнаа Киев, 19. пат месецов, има повредени

Катерина Ѓуровски