Ватикан соопшти дека официјалното име на новозибраниот папа е Франциск, без римски бројки.
На прес-конференцијата во Ватикан портпаролот на Светата столица Федерико Ломбарди го прецизираше името на новиот папа со цел да се избегнат евентуални грешки, напоменувајќи дека кардиналот протоѓакон Жан Луис Тауран кој го објави новото име пред светот кажал само Франциск.
– Така е впишано името во првиот документ на Ватикан за новиот папа, додаде портпаролот.
Ломбарди истакна дека овој папа можеби еден ден ќе биде наречен Франциск Први, доколку некој од неговите наследници одлучи да му оддаде почит, преземајќи го неговото име и тогаш би се нарекол Франциск Втори.
Кардиналот Хорхе Марио Бергољо е првиот папа од американскиот континент и првиот папа језуит, а исто така и првиот поглавар на Римокатоличата црква, кој го избра името Франциск, во спомен на Свети Францикс од Асизи или Свето Фрањо Асишки.
Ломради, кој самиот е језуит, изрази задоволство од изборот на името, бидејќи Франциск е „голем сведок на Евангелието“.