Судот во Ватикан објави дека батлерот на папата, Паоло Габриеле и неговиот соучесник Клаудио Шарпелети ќе бидат судени за кражба на доверливи информации.
Шарпелети е компјутерски експерт на државниот секретаријат на Ватикан.
Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изјави дека Шарпелети имал незначителна улога во истекувањето на доверливите информации од Ватикан, кои го предизвика скандалот „Ватиликс“.
46-годишниот Паоло Габриеле, уапсен на 23 мај и ставен во домашен притвор на 21 јули, беше единствениот осомничен за скандалот.
Стотици тајни документи на Ватикан беа дадени на италијански новинари од почетокот на годината. Габриеле е обвинет дека од бирото на личниот секретар на папата украл голем број тајни писма и други документи.