Ватикан се уште не дава согласност за новиот француски амбасадор

Од:

Ватикан се уште го блокира назначувањето на новиот француски амбасадор Лоран Стефанини, поради тоа што тој не крие дека е хомосексуалец, додека официјален Париз и понатаму инсистира на својот кандидат, јавува дописникот на МИА од Париз.

И покрај отвореноста на новиот папа Франциско, Ватикан се уште не поминува преку некои од своите убедувања. Светата столица веќе три месеци не дава одговор, односно согласност за назначувањето на францускиот амбасадор Лоран Стефанини поради неговата хомосексуалност.

Педесет и пет годишниот Лоран Стефанини е искусен дипломат, и тој не му е непознат на Ватикан. Тој, како што е опишан од италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, е „католик кој ја практикува религијата, култивиран и дискретен“. Иронијата да биде поголема тој работел во француската амбасада во Ватикан во 2001 до 2005 како втор човек.

Потоа тој работеше како советник во Министерството за надворешни работи на Франција за религиозни прашања, пред да стане во 2010 години шеф на протоколот на Елисејската палата. Неговото именување за амбасадор во Ватикан во јануари годинава беше нормална работа.

Според блогот „Ватикан Инсајдер“ на весникот „Ла Стампа“, од извори на Ватикан, се вели дека проблемот со Лоран Стефанини не е неговата хомосексуалност, колку неговата поддршка на хомосексуалните бракови, кои беа озаконети во Франција во 2013 година, покрај противењето на католичката црква.

Конфликотот меѓу Париз и Ватикан не е прв од ваков вид. Во 2007 година, Франција имаше назначено за амбасадор хомосексуалец кој живееше во цивилна заеедница, но по недобивањето на одговор од Ватикан, предложи ново име. Стрефанини е неженет и е многу дискретен за својот приватен живот.

Засега Париз и понатаму инсистира Ватикан да даде согласност за предложениот амбасадор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска