Ватикан предупредува на нов геноцид во северен Ирак и во Сирија

Од:

Ватикан денеска побара од владите во светот повеќе да се ангажираат за да го спречат евентуалниот „нов геноцид“ во северен Ирак и во Сирија, а од муслиманските лидери да се оградат од милитантите на Исламска држава, кои убиваат и протеруваат христијани од заземените територии.

Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин денеска изјави дека владите покрај воената помош, мора да се обезбеди повеќе хуманитарна помош за бегалците и оти е потребно да да се посветат на клучните причини за конфликтот, доставата на оружје во регионот и нестабилноста која произлегува од израелско-палестинскиот конфликт.

Паролин истакна дека Католичката црква е посебно загрижена поради тоа што западните влади им нудат визи на прогонетите припадници на верски малцинства од Ирак и од Сирија.

– Христијаните треба да се охрабрат да останат на подрачјата на кои живеат и да им се дадат безбедцносни гаранции за да можат да се вратат во своите домови, посочи Паролин.

Би можело да ве интересира

Ватикан: Папата Франциск денеска ги засили физичките и работните активности

А1он

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска