Ватикан позитивно гледа на можноста папата Фарнциско да ја посети Русија

Од:

Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, денеска изрази позитивен однос кон идејата папата Фарниско да ја посети Русија, но изјави дека претстои доста работа пред тоа и да се случи, пренесоа британските медиуми.

Паролин зборуваше на заедничката прес конференција во Москва со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по нивните меѓусебни разговори. Државниот секретар на Ватикан не посочи конкретен датум за таквата посета.

Паролин уште додаде дека своите разговори во руската престолнина ги искористил за да го постави прашањето и за определените тешкотии за Католичката црква во оваа земја.

Според него, меѓу Москва и Ватикан има разлики за судбината на христијаните во определени делови од светот. Тој, меѓутоа, не даде детали за овие разговори.

Паролин, кој подоцна денеска ќе се сретне и со рускиот патријарх Кирил, изрази мислење дека Русија може да одигра важна улога во решавањето на кризата во Венецуела, поради своите блиски односи со владеачката елита во Каракас.

Русија за актуелна ја смета иницијативата на Ватикан за помирување на спротивставените политички кампуси во Венецуела, изјави Лавров по средбата, цитиран од ТАСС.

-Разговаравме за ситуацијата во Венецуела. Уште од почетокот на венецуелската криза ја поддржуваме иницијативата на Светата столица за помирување на спротивставените страни во Венецуела, рече Лавров.

„Убедени сме дека овој пристап останува актуелен и во сегашната ситуација“, додаде тој .

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски