Ватикан потврди: Папата се повлекува на 28 февруари

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт Шеснаесетти за време на денешната миса во Рим најави дека планира да се повлече од должноста на 28 февруари.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди потврди дека папата ќе ја напушти оваа функција на 28 февруари во 20 часот по Гринич.

Папата соопшти дека поради староста и кревкото здравје веќе не може да ја обавува функцијата. Тој ќе биде првиот папа, после речиси 600 години кој поднесува оставка на функцијата. Папата Бенедикт Шеснаесетти (85) оваа функција ја извршуваше речиси осум години, од април 2005 година, кога беше избран.

Ватикан соопшти дека позицијата времено ќе остане непополнета. Конклавата новиот папа ќе го избере до крајот на март.

– Навистина е прерано да се каже кое беше неговото најголемо достигнување, изјави Едвард Пентин од Католик Хералд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска