Папата Франциско испратил 100.000 евра за сиромасите во разурнатиот сириски град Алепо, изјави денеска портпаролката на Ватикан.
Администрацијата на Ватикан учествуваше во донацијата што ќе биде проследена преку Фондот за добротворни цели на Папата и францисканскиот ред во Светата земја.
Алепо беше најнаселениот град во Сирија пред започнувањето на војната пред шест години, но денес делови од градот се целосно уништени, а илјадници лица се раселени.